Објавено на:

(Фото) Херојот Трајковски испрати прва порака до цела македонската јавност

t

Александар Трајковски по вторпат во својата кариера се покажа како кобен за Италијанците, најпрво во Торино кога одигравме 1:1 во 2017-та година, но што е уште поважно и вчера во историското бараж полуфинале.

Македонија го победи апсолутниот фаворит со 0:1, а херој на вечерта беше Трајковски кој постигна гол во судиското продолжение и со тоа им ја смрзна крвта на сите италијански фудбалски фанови.

Истовремено, офанзивниот фудбалер со овој погодок предизвика еуфорија меѓу македонските навивачи во Палермо и оние кои излегоа низ улиците во Македонија да го слават големиот успех, а сега испрати и прва порака после емоциите кои го донесе кај секој искрен фудбалски фан од нашата земја.

– Ова е за моето семејство и за цела МАКЕДОНИЈА!, – порача стрелецот на голот во Палермо.

Интересно, судбината посака токму Трајковски да биде херој на „Ренцо Барбера“, стадион кој нему му е многу добро познат од времето кога ги бранеше боите на Палермо во италијанската елита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албански државјанин избоден во Кичево!

Вчера во 23.07 часот во ОВР Кичево…

Словенија дозволи склучување на истополови бракови и…

Словенечкиот парламент на денешната седница го усвои…

Преземавме сет на мерки за да се…

„Презедовме и ќе допреземеме одреден сет на…

(Фото) Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во…

Непознати сторители денеска го вандализирале споменикот на…