Франција одлучи: Третата доза ќе се прима три месеци во првата

t

Третата доза од вакцината против коронавирус треба да се прими три месеци по примањето на првата доза, одлучи француската национална здравствена агенција.

Во образложението се наведува дека поради побрзото ширење на сојот омикон на ковид, одлучено е периодот помеѓу првата и бустер дозата да се скрати од пет на три месеци, објави „Политико“.


Претходните анализи покажаа дека сојот омикрон успешно го заобиколува имунитетот стекнат со две дози вакцина, но беше откриено дека бустер-дозите во голема мера ја спречуваат можноста за зараза.

Во соопштението се наведува и ставот на Агенцијата на ЕУ за превенција и контрола на болести дека скратувањето на периодот помеѓу првата и третата доза на вакцината би можело да ја намали смртноста од соевите на омикрон за најмалку 15 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 100 новозаразени од ковид вчера

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Намириса профит: Бил Гејтс ќе го поддржи…

Партнерството помеѓу американскиот производител на лекови Фајзер…

Ковид амнестија: Во Русија нема да се…

Московските власти ќе престанат да бараат исплата…

Германија со одлична вест за гастербајтерите, се…

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах денеска…

“Модерна” ќе произведува вакцина против мајмунски сипаници

Додека вирусот на мајмунски сипаници се шири во САД…