Објавено на:

ФРАНЦИЈА ПАРАЛИЗИРАНА: Народот се обедини и блокираше автопати, аеродроми, училишта!

t

Демонстрантите лути на францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот план да ја зголеми старосната граница за пензионирање го блокираа пристапот до терминалот на аеродромот во Париз, седеа на железничките шини, се судрија со полицијата и фрлаа проектили врз полициските станици за време на денешните демонстрации низ Франција.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во западниот град Нант, објави Ројтерс.

Исто така, на запад во Лориен, проектилите фрлени од демонстрантите предизвикаа мал пожар во дворот на полициската станица.

Жерар Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи, на Твитер напиша дека нападите врз потпрефектурата и полициската станица во Лориен се неприфатливи.

„Моите мисли се со повредените полицајци. Овие дела не можат да поминат неказнето“, рече тој, пренесе Би-би-си.

Погоден е и аеродромот Роаси-Шарл де Гол во близина на Париз, додека недалеку од Тулуз на југозападот на земјата, демонстрантите запалија куп ѓубре и го блокираа сообраќајот на автопатот.

„Има многу гнев, ситуацијата е експлозивна“, рече лидерот на синдикатот CGT (Се-Зе-Те) Филип Мартинез на почетокот на митингот во Париз.

Лидерите на синдикатот повикаа на смиреност, но беа лути од, како што рекоа, провокативните коментари на Макрон.

Макрон рече дека законот ќе стапи на сила до крајот на годината, споредувајќи ги протестите со нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Унијата на средношколци (ФИДЛ) утринава соопшти дека во моментов се блокирани повеќе од 400 средни училишта.

Тоа значи дека учениците дошле на училиште, но не посетуваат настава.

ФИДЛ рече дека тоа е историско достигнување.

Француската премиерка Елизабет Борн минатата недела искористи специјална процедура за да го протурка непопуларниот предлог-закон за пензиски реформи со кој ќе се зголеми старосната граница за целосна пензионирање за две години од 62 на 64 години во парламентот на земјата без гласање.

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата објави дека законот ќе стапи на сила до крајот на годината, и покрај зголеменото незадоволство низ целата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нова револуција: Французите ја запалија зградата…

Стотици илјади Французи протестираа денеска против пензиските…

ФРАНЦИЈА ПАРАЛИЗИРАНА: Народот се обедини и блокираше…

Демонстрантите лути на францускиот претседател Емануел Макрон…

(Видео) ФРАНЦИЈА ГОРИ: Макрон го предизвика гневот…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…

Макрон им се заинати на Французите: Нека…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…

Француската полиција “европски” уапси 101 демонстрант на…

Бројот на уапсени на демонстрациите во Париз…