Фрчат казни, внимавајте: 181 санкции за брзо возење за само еден ден

Во текот на вчерашниот ден (04.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Син на поранешен функционер повикан во полиција…
Денеска бил приведен син на поранешен екс…
Прв потврден случај на африканска чума кај…
Случај на мошне заразната болест африканска чума…
Довербата на Французите во Макрон е на…
Довербата на францускиот народ во претседателот Емануел…
Ковачев: Македонија бега од спроведување на договорите…
Во јануари се очекува ЕП да усвои…
Голема акција на грчката полиција- во Солун…
Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот…