Фрчкоски замина во Њујорк: По бурните ракции во Македонија, генсекот Гутереш му посака добредојде во амбасадорската фотелја

t

Бившиот министер за внатрешни работи, од времето на атентатот врз тогашниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, професорот Љубомир Фрчкоски не се насели во Вашингтон, по неуспешниот обид да стане амбасадор во САД, но седна во амбасадорската фотелја во Обединетите нации во Њујорк.

Тој е испратен како амбасадор и постојан претставник на Македонија при ООН во Њујорк, каде ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на ООН, Антониот Гутереш.

Фрчкоски, во разговорот со Гутереш, информирал за најважните стратешки „приоритети во надворешната политика на С. Македонија и моменталната состојба околу ЕУ интегративниот процес на земјата, посебно после потпишувањето и влегувањето во сила на тнр. Договор од Преспа“.

Како што е објавено во медиумите, Фрчкоски ги реафирмирал генералните македонски позиции на поддршка на работата на ООН и на генералниот секретар, како и вкупните активности во работата на организацијата.

Генералниот секретар Гутереш дал признание за подготвеноста и покажаната политичка волја на Владата на Македонија низ дијалог и компромис да ги решава најкомплицираните и најсензитивните билатерални проблеми, во интерес на своите национални приоритети, но и за стабилноста и развојот на регионот, за тоа посебно акцентирајќи го тнр. Договор од Преспа.

Генералниот секретар Гутереш, исто така, го истакнал и досегашниот придонес на земјата како активен субјект во работата на ООН и степенот на остварената соработка со телата, органите и агенциите на ООН.

Кандидатурата на Фрчкоски за амбасадор, најпрво во САД, а потоа и во ООН, предизвика бурни полемики во Македонија дали е соодветна личност да ја претствува Македонија. Но, и покрај тоа, тој седна во амбасадорската фотелја.

Освен Фрчкоски, полемики за кандидати за амбасадори на Македонија предизвикаа и неколку други имиња, меѓу кои најспомнувани беа тој и поранешната министерка и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, кадар на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР најостро ги осудува лагите дека бугарска…

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира…

Британија не ја исклучува можноста да испрати…

Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска…

Црно ни се пишува – Таравари: Целта…

Свесни сме дека ова доближување со власта…

И Вучиќ ќе легне на брашното: Можеби…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во…

Минатиот пат ко беа бyгapcки полицајци овде…

“Бyгаpcки полициски службеници ќе дојдат на денот…