ФТ: Индија и порача на Канада да повлече 41 дипломат

Индија и порача на Канада дека мора да повлече 41 дипломат од Индија до 10 октомври, објави денеска Фајненшл тајмс.
Односите меѓу Индија и Канада се сериозно нарушени откако канадските власти соопштија дека имаат веродостојни информации за вмешаност на Њу Делхи во
убиството на сепаратистичкиот водач на Сиките и канадски државјанин Хардип
Синг Нијар (45), што се случи во јуни во канадската провинција Британска Колумбија. Индија него го означен како „терорист“.
Индија ги отфрли обвинувањата како апсурдни и во септември, како одговор на протерувањето на висок индиски разузнавач од Канада, протера канадски дипломат и исто така ги суспендираше визите за Канаѓаните.
„Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на луѓе запознаени со индиското барање, објави дека Индија се заканила дека ќе им го укина дипломатскиот имунитет на оние дипломати на кои им било кажано да си заминат, но останале по 10 октомври.
Канада има 62 дипломати во Индија, а Индија соопшти дека вкупниот број треба да се намали за 41, пишува весникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на жртвите од земјотресот во Тибет…
Бројот на жртви во силниот земјотрес на…
Нотингем форест игра како пред пет-шест децении!
Најпријатното изненадување во Премиерлигата е екипата на…
Samsung одлучи: Ист процесор за сите
Интернационалниот модел Samsung Galaxy S25, кој користи…
Русија најави одмазда против Украина поради употребата…
Русија денеска најави дека ќе ѝ возврати…
Со автомобил удрена 66-годишна жена во Тетово,…
Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово,…