Фукујама: Ако западот не го сопре Путин во Украина, тоа ќе се прелее на Балканот

t

Ако Путин успее да ја стави под своја контрола Украина и западните сојузници не напраат ништо за да го запрат, тогаш тоа ќе има голем поширок ефект, бидејќи многу актери на Балканот би сакале да ја направат истата работа, вели американскиот философ и аналитичар Френсис Фукујама во неделното интервју за Радио слободна Европа.

-Мислам дека ако Путин успее на својот пат да ја стави под своја контрола Украина и успешно да ја искористи воената сила и западните сојузници не може да направат ништо за да го запрат тоа ќе има голем прелевачки ефект, бидејќи секако многу актери на Балканот би сакале да ја направат истата работа. Србите во Босна не се среќни со Дејтонската спогодба и сакаат да прогласат независност на Република Српска. Мислам дека ако тоа се случи само ќе ги охрабри. Од друга страна ако Алијансата е обединета и Путин не успее тоа најверојатно е добра работа и ќе го ограничи тој прелевачки ефект, но кога е во прашање војната навистина не може да се превиди кој ќе биде ефектот на долг рок од конфликтот, но ќе биде доста поинаку од она што луѓето си го замислуваа пред почнување на конфликтот, вели Франсис Фукујама- професор на Станфорд Универзитетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп за сабота (26.11.2022)

ОВЕН Благодарение на вашите способности, добивате мал…

КОРОНА ВИРУСОТ ПОВТОРНО СЕ ШИРИ: Рекорден број…

Кина го забележа својот најголем број дневни…

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД…

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер…

Денеска облачно и ветровито, утре постудено со…

Утрото студено со услови за појава на…

Денес се празнува Свети Јован Златоуст

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во…