Хагари вели: Хамас киднапира 199 луѓе

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека 199 се киднапирани од Хамас во Појасот Газа.
Ги известивме семејствата на 199 заложници, истакна Хагари на брифинг, ревидирајќи ја претходната бројка од 155 заробеници.
Во нападот на Хамас извршен на 7 октомври киднапирани се Израелци и странци.
Напорите за ослободување на заложниците се врвен национален приоритет. Војската и Израел деноноќно работат за да ги вратат, посочи Хагари.
Најмалку 1.400 луѓе се убиени во Израел, а 2.750 во одмазднички напади врз Појасот Газа, според официјални лица од двете страни.
Израелската армија соопшти дека по нападот на Хамас пронашла тела на околу 1.500 милитанти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден ја осуди одлуката на Мета да…
Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше…
Полицијата апсеше за дрога низ цело Скопје,…
Полицијата апсеше за дрога низ цело Скопје. …
Најстудено во Маврови Анови со измерени -3…
Најстудено утрово беше во Маврови Анови каде…
Шукова: ДПМНЕ нека засука ракави и да…
Борбата против загадувањето мора да стане приоритет…
Нападите на ДУИ кон СДСМ се за…
Нападите на ДУИ кон СДСМ се за…