Хакери ја нападнаа веб-страната на Ватикан

Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска е нефункционална по очигледниот хакерски напад, соопштено е од седиштето на Римокатоличката црква.
-Во тек е истрага поради големиот број обиди за пристап до сајтот, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, без да даде дополнителни детали.
Британските медиуми наведуваат дека хакерскиот напад се случува еден ден откако Москва го критикуваше папата Франциск за неговата осуда на рускиот напад врз Украина.
Во интервју за списанието „Језуит“, папата ги издвои војниците од Чеченија и другите етнички малцинства од Русија, посочувајќи ја нивната особена „бруталност“ за време на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесими нема информации дека им е платен…
Системот (на ФЗО) беше нападнат, од кои…
Хакерите бараат откуп од 20.000 биткоини да…
Откуп од 20.000 биткоини бараат хакерите за…
Хакери ги нападнаа веб-страниците на НАТО
Организацијата на Северноатлантскиот договор потврди дека сајбер…
Хакерите продолжуваат да ја роварат Албанија: Објавија…
Членовите на иранската група „Татковинска правда” продолжуваат…
Албанскиот претседател: Го замолив Папата да го…
Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој беше во…