Хамас истрелал десетина ракети во Израел, повеќето биле пресретнати

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градови во јужен Израел како одговор на израелските масакри врз цивили во Газа.
Според израелската армија истрелани биле десетина ракети, но повеќето биле успешно пресретнати. Израелскиот Канал 12 објави дека е извршен директен удар во јужниот град Ашкелон.
Израелските служби за итни случаи соопштија дека лекуваат едно лице од повреди предизвикани од шрапнели и дека ги истражуваат местата каде се паднати ракети.
Првата фаза од примирјето меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 19 јануари по 15 месеци војна. Воените дејствија беа прекинати, некои израелски заложници беа ослободени, додека Израел ослободи и неколку палестински затвореници. Меѓутоа, на 19 март израелските сили продолжија со копнените операции во централниот и јужниот дел на Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…