Хаос во Будва: Скоро 100 туристи се затруле со храна

Најмалку 96 туристи се затруле со храна во ресторан во Будва, објави порталот „Дан“.
Претежно станува збор за туристи од Полска, Словачка и Словенија, а речиси сите биле гости во истиот ресторан. Во меѓувреме, сите се сместени или добиле медицинска помош во болниците во Котор, Бар и Цетиње.
Во општина Будва е потврдено дека имало труење со храна и дека гостите се хоспитализирани во медицински установи поради стомачни проблеми.
„Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст од 15 до 16 години. Донесени се со акутен синдром – повраќање. Сите беа згрижени, а утрово повторно се направени лабораториските анализи. Околу 11 часот утринава се пуштени на домашно лекување“, изјави директорот на которската болница д-р Давор Кумбуровиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата со одлука забрани акции и промоции…
Владата на денешната 185 седница, на предлог…
Москва: Невозможно е да се нахрани планетата…
Без руски производи е невозможно да се…
Сто артикли поскапеа за еден ден
24 Вести објави дека за еден ден направени…
Зеленски ја обвинува Москва дека сака глобална…
Украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето последно…
Медиуми: Недостиг на храна и лекови на…
Со одлуката на косовскиот премиер, Албин Курти,…