Хаос на македонските улици: Дете прегазено во Чаир, друго тешко повредено во сообраќајка во Битола

t

Вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во скопската населба Чаир, автомобил „Ауди“, во кој зад воланот бил 21-годишен жител на селото Љуботен, удрило во дете-велосипедист, информираат од МВР.

Во несреќата, младиот скопјанец бил тешко повреден, а помош му била укажана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Исто така вчера, во битолската полиција било пријавено дека на крстосницата на улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Васил Главинов“ во градот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил „Шкода Кодијак“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(42) од Битола и мопед „Јамаха“ без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола.

Според битолската полиција, во несреќата детето-возач на мопедот се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) “Комити” и “Чкембари” приредија навивачки спектакл…

Екипите на Пелистер и Вардар играат дерби, а иако тоа е…

Дел од огранокот на Алтернатива во Чаир…

Дел од огранокот на Алтернатива во Чаир…

Привремено решен проблемот со греењето на Бутел…

Обезбедени се финансиски средства за набавка на…

Со месеци пробувала да се лекува, ја…

На млада 27-годишна девојка која престојувала во…

ЕСМ: Одговорноста за прекин на греењето на…

АД ЕСМ нема правен основ да му…