ХАОС на небото: Воени авиони на НАТО пресретнаа руски воени авиони над Балтикот!

Борбени авиони на НАТО по вторпат оваа недела пресретнаа руски воени авиони во близина на естонскиот воздушен простор, соопшти британското воено воздухопловство (РАФ).
Во вчерашната операција учествуваа британски и германски ловци, кои пресретнаа руски авиони недалеку од естонскиот воздушен простор како дел од операцијата за заедничко чување на воздушниот простор на источното крило на НАТО. Ова е второ вакво случување оваа недела.
Два борбени авиони „Тајфун“ пресретнаа руски воен транспортер Ту-134, кој го следеле два руски ловци Су-27 Фланкер и АН-2, воен транспортен авион, соопшти РАФ.
РАФ ја опиша операцијата како „јасен сигнал дека Британија, Германија и другите членки на НАТО стојат покрај Естонија во овие тензични ситуации“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
(Видео) НАТО во кое Македонија членува ни…
НАТО во кое Македонија членува не го…
Да не се повтори: На денешен ден…
На денешен ден пред 24 години почнаа…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…