Хајредини: Зошто никој не го праша Борел кој е високиот функционер на ЕУ кој на пратеник пред Нова година му кажа дека за некој ден ќе добие датум?

t

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини преку Фејсбук потсети на оправданието на пратеникот Кастриот Реџепи зошто не гласаше недоверба на Владата пред крајот на минатата година.

Вели, да можел, би го прашал потпретседателот на Европската комисија Жозеф Борел, до кога ЕУ ќе си игра мајтап со нас, а шефот на дипломатијата ќе не мафта.

-Зошто г. Борел никој не го праша кој беше високиот функционер на ЕУ што пред нова година на телефон му се јави на еден пратеник и му кажа дака Македонија за неколку дена ќе го добие датумот за почеток на преговорите, а он, како Висок Комесар за проширувње, и денеска да изјави дека за датумот ниту знае ниту разговара. Јас, да можам, би го прашал до кога ќе играте мајтап со нас, а Бујар ќе нè мафта, пишува Хајредини на Фејсбук.

Реџепи тогаш тврдеше дека на гласањето недоверба на Владата во Собранието не се појави бидејќи висок претставник од ЕУ го уверувал дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со Унијата. Тогаш опозицијата, на која ѝ фалеше еден пратеник за да гласа за недоверба на Владата тврдеше дека Реџепи бил киднапиран и уценет и затоа не се појавил Пленарната седница во Законодавниот дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓукановиќ: Време е за нови избори, за…

Претседателот на Црна Гора и лидер на…

Ковачевски вели: Борбата со корупцијата мора да…

Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски…

(Видео) Полицијата во Дагестан испука предупредувачки истрели…

Полицијата во руската република Дагестан денеска испука…

Директорот на Фајзер се зарази со коронавирус…

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60)…

ФФМ повика на поддршка и апелира на…

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и…