Хисени: Светот е уморен од Косово

Поранешниот главен преговарач во дијалогот со Србија, Скендер Хисени, истакна дека премиерот на Косово, Албин Курти и претседателката Вјоса Османи не се грижат за Косово и дека сите кризи настанале во нивниот мандат.
Хисени на Фејсбук изјави дека последната криза на северот покажала дека светот е уморен од Косово.
„Кога ќе сфатат кутрите кои се Албин Курти и Вјоса Османи? Сите кризи на северот на Косово се случија за време на нивниот мандат. Последната криза покажа дека светот е уморен од нас“, изјави Хисени.
Тој додаде дека Курти и Османи продолжуваат без двоумење да ги изненадуваат косовските партнери.
Не им е гајле за државата. Тие имаат проблем со моќта и ќе го доведат Косово до распаѓање, а интелектуалците и академиците молчат и ги закопуваат главите во песок како ноеви“, потенцира Хисени.
ЛИНК од неговата објава на Фејсбук
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Белгија планира да испрати затвореници во Косово
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Населението на Косово забрзано старее
Според податоците на Агенцијата за статистика на…