Објавено на:

Холандија повторно ја отвора својата амбасада во Киев

t

Холандија денеска повторно ја отвора својата амбасада во Киев, соопшти холандското Министерство за надворешни работи.

-Мал тим на амбасадата во Киев ќе соработува блиску со украинските власти и со други партнерски земји чии службеници се вратени, напиша на Твитер холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра.

Тој нагласи дека важно е неговата земја да ѝ пружи поддршка на Украина на терен.

Холандија го повлече својот дипломатски персонал од Украина, два дена по почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Минатата недела, земјата повторно ја отвори својата амбасада во Лавов, во западниот дел на Украина.

Амбасадата на Холандија во Киев извесно време нема да дава конзуларна помош.

Неколку други европски држави, вклучувајќи ја и Франција, неодамна објавија за повторно отворање на своите амбасади во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Центар реагира: Планот е законски, да…

Општина Центар реагира на објавата на граѓанската…

Полицијата врши притисок врз раководството на Левица-Охрид!

Во врска со утрешниот протест против отворањето…

Белата куќа: Погрешна е одлуката на ОПЕК+…

Одлуката на ОПЕК+ да го намали производството…

Битиќи: Ќе биде тешка зима ама ќе…

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи по…

Сали: Евентуална смена би била на барање…

Евентуална смена би била на барање на…