Објавено на:

Хорор близу Софија: Пронајдени закопани тела на најмалку седум лица

t

Тела на седум постари лица се пронајдени во шума во близина на гробишта крај бугарскиот главен град Софија, соопшти денеска локалната полиција.

Полицијата соопшти дека првичната истрага покажува дека тие луѓе, чии тела биле закопани во шума, најверојатно починале од природна смрт, јавија локалните медиуми.


Според нив, истрагата за околу 50 лица укажува дека биле погребани како дел од илегална шема за погреби.

За случајот е приведен 51-годишен маж кој е обвинет за измама. Властите веруваат дека тој бил дел од поголема група и дека може да се откријат повеќе тела.

Полицијата тврди дека тоа лице земало тела од домови за нега на стари лица, наводно за кремирање, и наместо тоа ги закопувал во шума блиску до гробиштата.

За случајот започна предистражна постапка, вклучително и ДНК тестови. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР го разобличи Османи: Протоколот бил…

Бугарското министерство за надворешни работи уште еднаш…

(Видео) Бугарски пратеник: Ја влечеме Македонија во…

Со денешната одлука на Народното собрание, кое…

Бугарите ги подбраа властите: Поради прекуокеански морони…

Предупредувањето на руското Министерство за надворешни работи…

Детали од Османи: Во францускиот предлог ни…

Зеленото светло на бугарскиот парламент за Македонија…

И Бугарија ќе гори, Каракачанов повикува на…

Бојко Методиев Борисов изврши лично национално предавство…