Хорор во Бугарија: Во филмски грабеж ограбен бизнисмен – Едно лице е застрелано во глава

Четири маскирани и вооружени лица сред бел ден нападнале и ограбиле бизнисмен и неговиот сопатник на бул. Ломско Шосе. По закани со огнено оружје е одземена торба. Еден од нападнатите бил погоден по главата и пренесен во болница.
Според неофицијални информации, цел на нападот бил 44-годишен сопственик на бензински пумпи и хотелски комплекс, а во украдената чанта имало поголема сума пари, јавува Нова ТВ. Според бугарското национално радио, при грабежот биле украдени речиси 100.000 лева.
Сигналот за инцидентот бил даден во 12 часот и 45 минути.Полицијата веднаш презела заштитни акции и трага по напаѓачите. Инцидентот се случил во близина на бензинска пумпа, во комплекс лоциран помеѓу областите Надежда и Обеља во главниот град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…
Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…
Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…