Објавено на:

Хорор во Германија: Мајка ги фрлила децата од балкон па се самоубила

t

Полицијата во градот Зарбрикен, во западна Германија, покрена истрага против жена која е осомничена дека ги фрлила своите две мали деца од балкон, а потоа и самата се обидела да се самоубие. Нејзината тригодишна ќерка загинала.

„Полицијата се сомнева дека се работи за убиство и обид за убиство, а главен осомничен е 38-годишната мајка на починатото тригодишно девојче“, изјави портпаролот на полицијата во Зарбрикен на крајниот запад на Германија.

Според првичните информации, 38-годишната жена во четвртокот вечерта од горниот кат од куќата од висина од околу 5 метри ја фрлила својата тригодишна ќерка, која им подлегнала на повредите, па нејзината едногодишна ќерка, а потоа и самата скокнала.

Во инцидентот мајката била тешко повредена, додека едногодишното девојче речиси неповредено избегало. Тригодишното девојче починало во болница. Полицијата соопшти дека децата биле премногу мали за сами да се качат преку оградата на балконот.

Мајката била кај своите родители во Сарбрикен со партнерот и двете деца. Според полицијата, осомничената боледува од „тешки психички нарушувања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германскиот претседател Штајнмајер доаѓа во Македонија

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер доаѓа во дводневна…

Од сите страни сардисани: Германија ја повика…

Германија ја повика Србија да направи избор…

Украина бара Германија да не ги засолнува…

Украина бара Германија да не ги засолнува…

Шолц во одбрана на Грција од Турција:…

Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека е…

Средба Османи-Сарацин: Голема благодарност до Германија за…

– Берлинскиот процес несомнено продолжува да биде значаен…