Хорор во Гостивар: Жена пронајдена почината во семејниот дом, телото било со убодни рани од нож

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во семејна куќа во селото Вруток, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на една жена со повеќе убодни рани од нож.
-Станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток. Според првичните сознанија, смртта на жената настапила околу 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање, информираат од Обвинителството.
Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добра вест: Следната недела дополнително ќе се…
Производителите на брашно во државата следната недела…
Агелер сѐ уште не открива имиња од…
Соединетите Американски Држави сѐ уште не ги…
(Видео) Потребни се итни мерки или за…
Вице-премиерот, Фатмир Битиќи смета дека потребно е…
Наставничка од Гостивар тепала ученик во основно…
53-годишна наставничка во основно училиште од Гостивар…
Финансиската полиција бара документи за директорувањето на…
Финансиската полиција го истражува работењето на поранешниот…