Објавено на:

ХОРОР во Иран: Ученичка убиена затоа што одбила да пее песна за врховниот лидер

t

Уште една ученичка, наводно, била убиена од иранските безбедносни служби, откако била претепана во својата училница затоа што одбила да пее прорежимска песна кога нејзиното училиште беше претресено минатата недела, што предизвика дополнителни протести низ целата земја овој викенд.

Според Координативниот совет на иранските учителски здруженија, 16-годишната Асра Панахи починала откако безбедносните сили упаднале во средното женско училиште Шахед во Ардабил на 13 октомври и побарале од група девојчиња да пеат химна која го фали врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Кога тие одбиле, безбедносните сили ги претепале ученичките, што довело до тоа неколку девојчиња да бидат однесени во болница, а други уапсени. Во петокот, Панахи, наводно, починала во болница од повредите здобиени во училиштето.

Иранските власти негираа дека нивните безбедносни сили се одговорни и, откако нејзината смрт предизвика бес низ целата земја, маж идентификуван како нејзиниот вујко се појави на државните ТВ канали тврдејќи дека таа починала од вродена срцева болест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се слави национален успех: Иран ослободи…

Повеќе од 700 затвореници се ослободени во…

(Видео) Досега невидено: Иранците си ја бојкотираа…

Фудбалерите на Иран допатуваа неволно на Светското…

(Видео) Турција започна нова операција на северот…

Турското Министерство за одбрана соопшти дека уништило…

Иран го осуди на смрт својот најдобар…

Поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи, кој едно…

САД нервозни – Иран призна: Испорачавме воени…

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир…