Хорор во Словенија: Ученик застрелал врсник со пиштол во училиште

Ученик во основно училиште во Словенија случајно ранил врсник, откако пукал кон него со пиштол, потврди вчера полицијата која го истражувала случајот, но инцидентот не го смета за напад бидејќи процениле дека немало намера за пукањето.
13-годишен основец во Жужемберк бил застрелан ненамерно поради невнимателно ракување со оружје, соопшти локалната полиција од Ново Место, каде повредениот бил пренесен во болница, каде што соопштија дека поминал со полесни повреди.
Се се случило во соблекувалната во салата на училиштето, пренесуваат словенечките медиуми.
Како што изјавија од полицијата, се работи за пиштол „хрватско производство“ од 90-тите години, калибар девет милиметри, а наводно му припаѓал на починат роднина на ученикот кој го донел на училиште, јавија словенечките медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенечката претседателка: Проширувањето на ЕУ е вистинскиот…
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и нејзиниот…
Австрија го продолжува рокот за гранична контрола…
Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека…
Ковачевски- Прескeр: Македонија може да смета на…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар…
Словенија воведе контроли на границите со Хрватска…
Денеска, во раните утрински часови, откако Љубљана…
Поплавите во Словенија направиле штета од речиси…
Владата на Словенија направи проценка на штетите…