Хорор: Мртвиот маж од Кавадарци бил најпрво избоден па запален, покажа обдукцијата

t

Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопшти државното Јавно обвинителство.

Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите. Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега по наредба на јавниот обвинител се вршат и дополнителни увидни дејствија и разговори со повеќе лица“, информира Обвинителството.

Како што беше соопштено завчера, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото во семејна куќа во која беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст од 70 години.

Екипата на Итната медицинска помош констатирала смрт со видливи изгореници на телото поради што надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот. При увидот, од местото биле подигнати траги со цел да се утврдаат околностите под кои настапила смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР трага по момче од Кавадарци

На 13.11.2022 во 10.00 часот во ОВР…

Огромна благодарност од Буча до Кавадарци и…

Од украинската општина Буча се заблагодарија на…

Камионџија од Босна и Херцеговина убиен во…

45-годишниот Џемал Чардаковиќ е убиен вчера во…

Кавадарци се збратими со Буча! Јанчев подготвува…

Кавадарци се збратими со Буча, еден од…

ХОРОР во Иран: Ученичка убиена затоа што…

Уште една ученичка, наводно, била убиена од…