Хоспитализирани уште четири лица со голема кашлица, вкупно 1001 случај во државава
Во периодот од 2 до 8 август, пријавени се 20 нови случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица. Од нив, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

– Заклучно со 8 август, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 1001 случај на голема кашлица, со инциденца од 54,5/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи, пишува во извештајот.
Од вкупниот број на заболени лица – 1001, кај 994 биле регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина била во асимптоматска форма.

– Од вкупниот број на регистрирани случаи, 627 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани – 278, просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 13 години, се додава во извештајот.
Од 18 јануари до 8 август, дадени се вкупно 63.133 дози вакцина со компонента против голема кашлица.
Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје, Куманово и на Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…