Хоџај: По српската агресија врз Косово, приоритет треба да биде безбедноста

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, изјави дека по чинот на агресија на 24 септември, приоритет на Косово е воспоставувањето безбедност пред нормализацијата на односите со Србија и определбата за членство во НАТО пред членството во ЕУ.
Хоџај, кој е актуелно потпретседател на косовското Собрание од редовите на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, порача дека на Косово му е потребна нова безбедносна политика, „во време кога во Србија воената опција против Косово е реална опција“.
– Формулата на Косово за заштита на суверенитетот по чинот на агресија на 24 септември е безбедноста да се стави пред нормализацијата (на односите со Србија) како приоритет и определбата за членство во НАТО пред членството во ЕУ! На Косово му треба нова безбедносна политика, поголем буџет, зголемување на бројот на членови, повисоки плати и современа опрема, во ова време кога во Србија воената опција против Косово е реална опција, напиша Хоџај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Скопјанец ја претепал сопругата
Вчера во 13 часот во СВР Скопје,…
Агелер: Не знам каде се наоѓа Груби
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во одговор…
Турција целосно ги прекина сите односи со…
Турција целосно ги прекина сите односи со…
Скопјанец се обидел со нож да нападне…
„На 29.12.2024 во 10.00 часот во Скопје,…