Објавено на:

Хрватската Влада донесе мерки за ублажување на растот на цената на горивата

t

Новите мерки на хрватската влада предводена од премиерот Андреј Пленковиќ доведоа до намалување на цените на горивата.

На владината седница одржана во понеделникот, донесена е одлука со која за 50 литарски резервоар заштедата за бензин е околу 114 куни, а за дизелот 134 куни.

-На седница на Владата донесовме нови мерки за ублажување на растот на цената на горивата и ударот по стандардот на граѓаните. Со намалување на висината на расходите и ограничување на висината на маржите, воведуваме 14-дневен период за утврдување на цените на нафтените деривати, напиша Пленковиќ на Фејсбук.

Ова значи дека цените на нафтените деривати ќе се менуваат на секои 14 дена, што значи поголема сигурност и стабилност за домашниот буџет на граѓаните.

-Со ваков начин на пресметка ќе се донесе максимална заштеда за граѓаните. Ова е поповолно за граѓаните, порачува Пленковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќучук: Патот на Македонија кон ЕУ ќе…

Патот на Македонија кон ЕУ ќе биде…

Француски адмирал: „Против кинеската морнарица, ќе победиме…

Началникот на генералштабот на француската морнарица во…

Меѓу странците во Велика Британија најчесто се…

Едно од седум деца родени во Велика…

Приведени две лица за изнуда на 20.000…

СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка…

Светски мафијаши добија пасош, а ни судот…

Три години трае борбата на Хенри де…