Објавено на:

Хрватска е официјално примена во еврозоната

t

Советот за економски и финансиски работи на Европска Унија (Екофин) ги усвои трите конечни правни акти, со кои Хрватска на 1 јануари 2023 година ќе може да го воведе еврото.

– Би сакал да му честитам на мојот колега Здравко Мариќ и на цела Хрватска што стана 20. земја што се приклучи на еврозоната. Воведувањето на еврото не е трка, туку одговорна политичка одлука. Хрватска успешно ги исполни сите неопходни економски критериуми и од 1 јануари 2023 година ќе се плаќа во евра, истакна чешкиот министер за финансии Збинек Стањура, чија земја претседава со Екофин.

Со ова Хрватска исполни една од двете преостанати стратешки цели за приклучување кон подлабока интеграција во ЕУ. Вториот е влез во Шенген зоната, за која најверојатно ќе се одлучува наесен, а во десеттата година од членството Хрватска би можела истовремено да влезе и во еврозоната и во Шенген.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Највисока од 1996-та година: Инфлацијата во Еврозоната…

Инфлацијата во еврозоната се забрза во септември,…

Огромен раст на вредноста на доларот, еврото…

Според средниот курс на Народбата банка на…

Вртоглав пад на еврото во однос на…

На светските пазари вредноста на доларот во…

Македонец уапсен во Хрватска за шверц на…

Хрватската полиција разоткри шестчлено злосторничко здружение чии…

Бугарско сценарио за Србија – Милановиќ: Нема…

Порака на Милановиќ до Белград: Србија вака…