Хрватскиот „Инфинум“ отвори канцеларија во Скопје, најавени 100 вработувања

t

Хрватскиот технолошки лидер Инфинум, познат по развивање дигитални производи за глобалниот пазар, отвори канцеларија во Скопје каде планира да ја пренесе својата култура на повеќекратно наградуван работодавач, како и едукативни иницијативи за зајакнување на локалната ИТ-заедница.

По преземањето на македонската агенција 3П Девелопмент кон крајот на минатата година Инфинум, во новата канцеларија во Бизнис центарот „Настел“ во Скопје вработи триесетина експерти кои се дел од тимот од 350 професионалци, кои создаваат иновативни дигитални решенија за познати светски брендови како Philips, Nike, Samsung и Porsche во седум канцеларии низ целиот свет.

-Во следните три години планираме да ангажираме околу стотина нови експерти. Најмногу бараме програмери, но ангажираме и дизајнери, аналитичари, проект-менаџери и психолози, изјави Ѓорѓи Ќосев, генерален директор на Инфинум Македонија.

За време на своето шестмесечно присуство во земјава, Инфинум започна различни иницијативи за да придонесе за развојот на локалната ИТ-заедница. Се издвојува Infinum Academy, серија бесплатни обуки за работа со најновите технологии за развој на софтвер.

-Штотуку започна првата генерација на Академијата во Скопје. Признавам дека бевме воодушевени од одѕивот бидејќи се пријавија дури 260 студенти, од кои ги добивме 24-те најдобри. До крајот на септември ќе решаваат практични проблеми во развојот на софтвер додека учат под водство на врвни предавачи, рече Јана Таневска, менаџерка за човечки ресурси во Инфинум Македонија. Бојан Бајиќ, маркетинг менаџер посочи дека од нејзиното основање во 2015 година, повеќе од 350 студенти успешно ја завршија програмата Infinum Academy, по што, додаде, некои беа вработени во Инфинум, но и во други технолошки компании.

-Сите вработени имаат буџет што можат да го користат за обуки, конференции, онлајн предавања, книги или други едукативни материјали. На пример, колегите од македонската канцеларија наскоро ќе одлетаат во Њујорк за да присуствуваат на конференцијата Droidcon, рече Бајиќ и додаде дека заедно со Академијата, компанијата почнува со одржување Infinum Talks. Инфинум е познат како повеќекратен добитник на наградата за најдобар работодавач во Хрватска. Покрај во Скопје хрватската технолошка компанија има свои канцеларии и во Љубљана, Подгорица, Лондон и Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Што очекувате од вакви институции? Наместени…

Поплаки од лошата работа на администрацијата слушаме…

ДКСК бара да се укинат вработувањата по…

Да се укинат вработувањата по етничка припадност,…

Украинските бегалци во Македонија имаат нејаснотии околу…

Не сите украински бегалци кои допатуваа во…

Хрватскиот „Инфинум“ отвори канцеларија во Скопје, најавени…

Хрватскиот технолошки лидер Инфинум, познат по развивање…

Себастијан Курц потпиша договор за вработување во…

Поранешниот австриски канцелар, некогаш најмладиот премиер на…