Хрватскиот професор Калоѓера: Бугарија продолжува да ја реализира целта да се уништи македонската нација, јазик, култура и минато

t

Македонците многу добро знаат кој бил Ванчо Михајлов и како тој ја гледал Македонија, се разбира во рамките на бугарската држава, пишува хрватскиот славист и македонист Горан Калоѓера, редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека, Хрватска, по отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

И сега во слободна и независна Македонија се отвора Центар со архивски материјал и над 2.000 учебници со тенденција за „превоспитување“ на Македонците во Бугари. И сето тоа се одвива на највисоко ниво, таму е бугарскиот премиер со неговата придружба и сето тоа е за Македонците да се запознаат со бугарската историја.

Приказни за мали деца, наивни, распродадени души и глупава влада. Секогаш, повторувам секогаш, а особено во 19 век, Бугарите, заедно со Грците и Србите, ги отуѓувале, ги отуѓувале Македонците, убедувајќи ги во нивните училишта и цркви дека се Бугари. И сега продолжува, нешто посуптилно, но суштински исто.

Ова потсеќа на грчката поговорка: „Не им верувајте на Данците кога носат дарови, овие дарови се отровни и опасни.“

Тоа е континуиран процес на асимилација на Македонците „сантим по сантим“ сакаат еден ден целосно да се уништи македонската нација, нејзиниот јазик, култура и минато.

Тоа е бугарската примарна цел, зацртана одамна која продолжува во нејзината реализација до денес, напиша професорот Калоѓера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шамар од Стејт департментот за Бугарија: Незаконски…

Акциите на бугарската влада за справување со…

(Видео) Крвава случка: Роми во Бугарија се…

Шест лица се повредени во масовната тепачка…

Снема залихи: Бугарската армија нема доволно муниција…

„Бугарија и бугарската преодна влада не подготвуваат…

Украина бара од Бугарија да ѝ даде…

Украина ја охрабрува Бугарија да ги даде…

Минималната плата во Бугарија следната година ќе…

Од следната година се очекува минималната плата…