Хрватските газди бараат магационери „под дрво и под камен“, нудат и над 1.000 евра плата!

Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000 луѓе. Тоа се работни места на магационери, од кои се очекува да манипулираат со стоки и суровини, да управуваат со виљушкари и да пополнуваат документи. Бројни компании бараат десетици, па и стотици луѓе од тој профил. Едно од барањата е да има основно или средно образование, а работното искуство воопшто не е важно.
Платите се движат од минимална до нешто повеќе од 1.000 евра. Малопродажниот ланец Студенац моментално бара близу 200 магацински работници за своите капацитети во Солин, Дугопоље, Дубровник… Тие нудат почетна плата од 840 бруто (овогодинешниот минимум). Меѓутоа, проблемот со оваа понуда е што гарантираниот минимум од следната година е 970 евра (околу 750 евра нето). Фабриката за хартиени кеси за пазарење Вемо трејд од Копривница, пак, бара вкупно десет магационери на кои им нуди почетни 1.150 евра бруто. За ракување со фолии, палети и виљушкари потребно е завршено средно образование, без работно искуство. Сплитскиот синџир Томи, пак, бара 30 магацински работници за својот објект во Дугопоље: нуди 880 евра бруто, што е исто така под законскиот минимум од 970 евра од 1 јануари следната година, пренесува Даница.хр.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Подвиг на хрватски лекари – пресадиле пет…
Лекарите од клиничката болница Меркур во Хрватска…
Хрватско МНР до граѓаните: Не патувајте за…
Хрватското Министерство за надворешни работи денеска ги…
На шумски пат во Хрватска, пронајден запален…
Хрватската полиција од Петриња, во соработка со…
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да…
По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот…
(Видео) Надзорни камери го снимиле моментот кога…
На снимката од надзорните камери се гледа…