Хрватското МВР на нозе: Закани по живот кон премиерот и министрите
Хрватското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека распоредиле дополнителни сили околу зградата на Владата откако биле упатени телефонски закани до премиерот Андреј Пленковиќ и министрите.
Во утринските часови полициската управа во Загреб доби пријава од непознато лице, кое му се закануваше на премиерот на Република Хрватска и членови на Владата. Со оглед на добиената пријава односно сериозноста на заканите, дополнителни полициски сили се испратени и распоредени. Полициски службеници спроведуваат кривична истрага со цел да се утврдат сите околности и да се идентификува лицето кое ги упатило заканите, извести полицијата.
Владиниот портпарол претходно потврди дека полицијата била информирана за заканата и поради тоа во Владата бил испратен тим за интервенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар во Хрватска: Оганот се приближува…
Во четвртокот наутро кај Жрновница во Хрватска,…
Хрватските газди бараат магационери „под дрво и…
Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000…
Хрватска воведува итни мерки во училиштата после…
Во хрватското Министерство за наука, образование и…
Ден на жалост во Хрватска, знамињата на…
Владата на Република Хрватска на седница одржана…
Маж од БИХ скршил рампа на граничен…
Маж (22) од Босна и Херцеговина кој…