„ХРИСТИЈАНИТЕ ДА НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД КРАЈ НА СВЕТОТ“ Рускиот патријарх проговори за нуклеарното оружје
Патријархот на Руската православна црква Кирил рече дека нема потреба да се поттикнува страв за нуклеарното оружје бидејќи христијаните не се плашат од крајот на светот, пренесува хрватски Индекс.
– Предавањето страв за можни апокалиптични сценарија, прекумерната алармност и шпекулациите за нуклеарното прашање не се корисни од духовна гледна точка. Непријателот на човештвото се обидува да сее вознемиреност во срцата на луѓето затоа што полесно се манипулира со личност лишена од духовниот свет… Не треба да си играме со сето тоа бидејќи христијаните не се плашат од таканаречениот крај на светот. Го чекаме Исус, кој ќе дојде во голема слава, ќе го уништи злото и ќе им суди на сите народи – рече Кирил I на пленарната седница на 26. Светско руско народно собрание.
Тој додаде дека тоа не значи дека треба да се седи со скрстени раце.
– Напротив, нашата земна мисија е да бидеме војници Господови, да се спротивставиме на злото и да ги браниме високите морални идеали. Тоа е целта во Русија – рече тој.
Кирил им се заблагодари на руските научници за развојот на, како што рече, „неверојатното оружје“.
Иако е врховен верски водач, московскиот патријарх често ги коментира политичките процеси во земјата со поддршка на политиката на Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ХРИСТИЈАНИТЕ ДА НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД КРАЈ…
Патријархот на Руската православна црква Кирил рече…
Што се случува во Сирија – владините…
Бунтовниците го пробија вториот по големина сириски…
КРИВИЧНА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО…
Директорот на Здравствен дом во Македонски Брод…
Така треба! „Расадник“ почнува да се реновира,…
Спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела…
НЕ Е ХРАБРОСТ ДА ГАЗИШ ВРЗ ЗНАМЕТО…
„Не е знак на храброст со кола…