Објавено на:

ЦАР го прифати биткоинот како легална валута: Потегот ја става државата на мапата на најхрабрите и најдалекувидните во светот, оцени претседателот

t

Централноафриканската Република (ЦАР) го прифати биткоинот како законско средство за плаќање, соопшти денеска претседателскиот кабинет.

Ова е втора земја по Ел Салвадор која се одлучува на ваков чекор.


Пратениците едногласно усвоија нацрт-закон со кој биткоинот се претвора во законско средство за плаќање заедно со централноафриканскиот франк ЦФА и ја легализира употребата на криптовалути, а претседателот Фостен Арканџ Туадера ја потпиша мерката како закон, соопшти шефот на неговиот кабинет Обед Намсио.

– Централноафриканската Република е првата земја во Африка која го усвои биткоинот како законско средство за плаќање, рече Намсио.

– Овој чекор ја става Централноафриканската Република на мапата на најхрабрите и најдалекувидните земји во светот, додаде тој.

На 7 септември, Салвадор стана првата земја во светот која го усвои биткоинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакер украл податоци од милијарда луѓе, сега…

Непознат хакер тврди дека има податоци од…

Цената на биткоинот порасна за повеќе од…

Цената на биткоинот расте за повеќе од…

Урнебесно: Илон Маск ги купува училиштата со…

Само неколку дена откако ги купи градежните…

Најголемата крипто-берза не сака да ја блокира…

Војната во Украина означува пресвртница во светскиот…