Целосното соопштение од СПЦ: Нема да ја уценуваме МПЦ со нејзината јурисдикција

t

За да се избегнат недоразбирања содржината на соопштението од Соборот на Српската православна црква (СПЦ), со кое денеска беше одобрено канонското единство со МПЦ-ОА, објавено е целосното соопштение на СПЦ.

Го пренесувам соопштението интегрално:

Добивајќи го актот од Светиот архијерејски синод на „Македонската православна црква-Охридска архиепископија“, со кој истата го прифаќа општопризнатиот канонски статус доделен во 1959 година од страна на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква и со кој изразува надеж дека Српската православна црква братољубиво ќе го решава и ќе го реши и прашањето на нејзиниот конечен статус, по што треба да следува сеправославна согласност и прифаќање на тој статус, Светиот архијерејски собор одлучи:

– со благодарност кон Господ и со радост, Соборот го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија односно целосна внатрешна самостојност доделен уште во 1959 година;

– со оглед дека со ова се отстранети причините за прекин на литургиското и канонското општење, предизвикани со едностраното прогласување автокефалност во 1967 година, се воспоставува целосно литургиско и канонско општење;

– со воспоставувањето единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Северна Македонија, не само што е можен туку е и целисходен, легитимен и реален;

– во дијалогот за нивниот иден и евентуално конечен канонски статус, Српската православна црква ќе се раководи само и исклучиво од еклисиолошко-канонските и црковно-пастирските принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитичките“, „геополитичките“, „црковнополитичките“ и други слични состојби или за еднострани иницијативи и не подлегнувајќи под ничие влијание и притисок;

– и конечно, по решавањето на статусот, Соборот нема намера да ја условува новата сестринска црква со ограничувачки клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и дијаспората, со препорака да го реши прашањето за своето официјално име во непосреден братски дијалог со хеленофонските и останатите помесни православни цркви.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во…

Во храмовите на Македонската православна црква –…

МПЦ-ОА со сочувство до семејствата на загинатите…

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква…

СПЦ со сѐ поголема поддршка за српските…

Шест епископи на СПЦ испратија писмо до…

Епископ Хераклејски г. Климент нов портпарол на…

Епископ Хераклејски г. Климент е новиот портпарол…

Г.г. Стефан: Најголемото наследство од Свети Климент…

Како духовен отец и просветител, Свети Климент…