Целосно е затрупано градилиштето кај Универзална, се пофали Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска се пофали на социјалната мрежа Фејсбук дека општината целосно го затрупала градилиштето на улицата „9 мај“. Станува збор за јама за изградба на објект за кој инвеститорот имаше градежна дозвола, но според општинските власти тој градеше надвор од одобрението за градба.
Случајот доби и големо медиумско внимание затоа што во еден момент пропадна и дел од улицата непосредно до градилиштето.
И почетокот на затрупувањето беше проследено од медиумите кои на покана на градоначалникот посведочија на почетокот на процесот во четвртокот (1 јуни 2023 година).
Во сличен временски период со градилиштето на „9 мај“, во јавноста беше објавен и случајот со нелегалната градба на државно земјиште на друга зграда и на друга локација, на т.н. „Пластичарска улица“ во Скопје. Таму, се уште се чека на постапување од надлежните.
Општината прво немаше избрано фирма за рушење нелегални објекти, па откако го стори тоа на јавна набавка МВР немаше полицајци кои би го обезбедувале рушењето. Кога се најдоа и полицајци, во засега не до крај јасна процедура, предметот го презеде Државниот градежен инспекторат и веќе два месеци оттаму не кажуваат – до каде се со случајот.
Пред повеќе од две недели и премиерот вети дека за дивоградбата ќе се разговара дури и на владина седница, но досега нема информација дека такво нешто се случило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се преврте автомобил на патот Гостивар-Кичево
Автомобил се преврте претпладнето на патот од…
Бомба на српско „Време“: Истата кинеска компанија…
Истиот кинески изведувач стои зад работата на…
Вучиќ очекува средба со Трамп во следните…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека…
„Се гледаме на 4 април“ – Најавени…
Поради нападот на деканката на Филозофскиот факултет…
Вандализиран автобусот на Чаир 2030 во Куманово…
Кошаркарскиот натпревар меѓу Куманово и Чаир 2030…