Објавено на:

Целосно нормализиран сообраќајот преку Јариње и Брњак – не се бараат спорните документи

t

По повеќе од 26 часа блокада, повторно е отворен сообраќајот на административниот премин меѓу Косово и Србија, Јариње.
Како што јави РТС, косовските полицајци изјавиле дека добиле дозвола повторно да го отворат преминот, а по застанувањето прв поминал еден камион.

Набргу по нормализирањето на сообраќајот на Јариње, примената на пропратните документи престана и на Мердар.

Од синоќа беа блокирани премините Јариње и Брњак, а иако попладнето беа отстранети сите блокади на север, приштинските власти ги отворија премините со неколку часа доцнење.

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља изјави дека барикадите на северот на Косово се целосно отстранети и дека административните премини Јариње и Брњак се отворени за сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Албанка “леташе орли” и провоцираше српски…

Швајцарија победи со 3-2 против Србија и…

Четворица полицајци суспендирани заради случајот со застреланата…

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ…

Дачиќ: Секој предлог кој не вклучува признавање…

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица…

Трагедија во Косово: 17-годишен фудбалер починал за…

Седумнаесетгодишен фудбалер на косовскиот клуб „Трепча ’89“…

Ова е поинаква Русија, Србија треба да…

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил,…