Објавено на:

Цело е кога има се: Се скараа Руската православна црква со Ватикан – Папата лаже

t

Руската православна црква смета дека изјавата на папата Франциско во врска со неговиот неодамнешен разговор со патријархот московски и на цела Русија Кирил за ситуацијата во Украина не е точна.

„За жалење е што месец и половина по разговорот со патријархот Кирил, папата Франциско избра погрешен тон за пренесување на содржината на тој разговор. „Ваквите изјави тешко можат да придонесат за воспоставување на конструктивен дијалог меѓу Римокатоличката и Руската православна црква, што е особено неопходно во моментов“, се вели во соопштението на Службата за комуникација на Одделот за надворешни црковни односи на Руската православна црква.

Папата Франциск изјави дека побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, за да разговара за запирање на војната во Украина, но не добил одговор.

Папата вели дека околу три недели по војната, тој побарал од највисокиот дипломат на Ватикан да испрати порака до Путин за организирање состанок.

– Се уште не добивме одговор и се уште инсистираме. Се плашам дека Путин не може, и не сака, да ја има оваа средба во овој момент. Но, како не можете да престанете со толку бруталност?, вели папата во интервју за италијанскиот весник „Кориере де ла сера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…

Српска листа соопшти дека одлуката да не…

Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…

Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…

БОЛНА РАБОТА: Мајка ја принудувала малолетната ќерка…

Мајката која ја принудувала малолетната 14-годишна ќерка…

И Пендаровски се сретна со германската МНР:…

Претседателот Стево Пендаровски ја прими Аналена Бербок,…

Бугарски академик: Треба да ја промениме политиката…

Проф.д-р Спас Ташев од Бугарската академија на…