Цементарница може да остане без дозволата за работа
На Усје му се заканува уште една кривична привична пријава и одземање на дозволата за работа. Инспекторатот за животна средина денеска објави решение со низа наредби за цементарницата и рок во кој треба да ги исполни.
Во решението пишува дека за 5 дена отсега фабриката мора двата котли за парно да ги префрли од мазут на гас, а по 15 дена да измери емисија на гасови од емитер-оџакот на парниот котел. Трошоците од проверката на инспекторите мора да ги плати Усје, бидејќи примероците не одговарале на пропишаните стандарди.
Од инспекторатот веќе најавија и казна од 180 до 200 илјади евра за фабриката и 10 илјади евра за директорот.
Министерството за животна средина веќе го разгледало извештајот од вонредниот надзор.
„По добивањето на резултатите од мерењето на акредитираната лабораторија, на 11.01.2023г., се констататира дека измерените параметри од двете печки се во рамките на максимално дозволени концентрации според А-интегрираната еколошка дозвола. Емисиите од котларата за парно греење која користи мазут, покажува надминување за и изнесува 711,9 микрограми на метар кубен“, се вели во известувањето.
Ресорниот министер не ги отрфрла обвинувањата од Арсовска, ама вели како министерство кривична пријава нема да поднесеме.
Вчера и градоначалничката на Скопје поднесе кривична пријава против Усје поради зголемена концентрација на штетни честички при две мерења. Арсовска вети дека листата на сите загадувачи ќе биде објавена јавно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет активни пожари низ Македонија
Центарот за управување со кризи информира дека…
Нетанјаху повикува на елиминирање на Хамас
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на елиминирање…
Српски студент: Полицијата ме тепаше 10 минути,…
Алекса Станковиќ, студент на Филозофскиот факултет во…
Честитки: За 26,4 милиони ќе се оценуваат…
Владата ја избра компанијата која треба да…
Почна собраниската расправа за ребаланс на Буџетот
Во Собранието денеска започна расправата по Предлогот…