Цените на бензинот во САД достигнаа историски максимум

Цените на бензините во САД денеска повторно го достигнаа историскиот максимум и покрај обидите на властите да го запрат нивниот раст, покажуваат податоците на Американската автомобилска асоцијација.
Според проценките на оваа институција, цената на галон бензин (3.785 литри) во просек во земјава се зголемила на 4.452 долари, а на дизел горивото на 5.565 долари.
Пред една година тие цени беа 3.039, односно 3.160 долари.
Бензинот е најскап на бензинските пумпи во Калифорнија, каде галон чини во просек 5.926 долари.
Американската администрација го нарекува поскапување на горивата
„Зголемувањето на цената на Путин“ и ги објаснува последиците од ограничувањата наметнати ширум светот за купување руска нафта како дел од санкциите поради специјалната операција во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД открива за што разговарале…
Силна поддршка од САД за Македонија, нашиот…
Американски воено летало се сруши во Јапонија
Властите на островот Окинава бараат приземјување на…
Блинкен: НАТО решително ќе одговори на актерите…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека…
Ковачевски: Самитот на ОБСЕ е одлична можност…
"Македонија треба да е горда на своето…
Москва: САД се обидуваат да организираат државен…
Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Ријабков…