Цените на горивата ги обединија Македонците и Албанците: Албанската опозиција поддржува намалување на акцизите на горивата

t

Цените на горивата денеска бележат значително зголемување после најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. По зголемувањето на цените на кошничката за храна и електричната енергија, денешното покачување на рекордни нивоа на цените на горивата ќе има негативно влијание врз буџетот на домаќинствата, бараат од Алијанса за Албанците.

Од партијата предложуваат:


-Намалување на акцизата од 22 денари за бензинот на 15 денари, како и за дизелот од 15 денари што е моментално, на 9 денари.

-Намалување на данокот на додадена вредност, ДДВ, од 18% на повластена стапка од 5%, исто како што направија и со цената на струјата што исто така беше предлог на Алијанса за Албанците и резултираше позитивно иако првично Владата беше скептична и одбиваше.

-Бидејќи цените на светските берзи секојдневно се зголемуваат, ние предлагаме Владата да примени замрзнување на даноците и акцизите, на ниво на вредноста од пред една недела (28.02. 2022), значи да примени максимален лимит на цената за овие показатели.

-Да се намали на можниот минимум и трговската маржа од трговците на мало.

Според нив, овие мерки треба да се превземат час поскоро, бидејќи поскапување на цените на горивата се предвидува и во деновите во текот на следните недели.

-Сакаме да нагласиме дека намалувањето на акцизата и ДДВ-то кое што го предлагаме во никој случај не му штети на државниот буџет, бидејќи приходите ќе бидат исти со тие пред поскапувањето на електричната енергија на берзите. Во спротивно, одржувањето на акцизите и ДДВ-то на моменталното ниво претставува додатен профит за Владата на сметка на граѓаните. Поточно, Владата со овие даноци уште повеќе ја зголемува веќе додадената вредност на горивата и прави бизнис во време на криза, додека многу други одговорни држави бараат решенија за да им ги ублажат последиците на граѓаните, се вели во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен пратеник на СДСМ апелира: Да се…

Економистот и поранешен пратеник од СДСМ, Маријанчо…

Утре РКЕ ќе одлучува за нови цени…

Утре напладне Регулаторната комисија за енергетика на…

РКЕ одлучи: Се намалуваат цените на нафтените…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

Oд полноќ горивата со нови цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

Вучиќ: Спротивно на светските трендови, цените на…

Вучиќ: Цените на бензините и дизелот вечерва…