Цените на нафтата над 90 долари за барел

Цените на нафтата на светските берзи растат веќе три недели по ред, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 10 месеци. Водечките светски производители – Саудиска Арабија и Русија, одлучија да го задржат намаленото производство, а Азиските берзи укажуваат на нов раст.
Извештаите од утринава од азиските берзи покажаа дека интересот за суровата нафта „брент“ порасна за пет центи, или 0,1 отсто, на 93,98 долари за барел, додека американската „Вест Тексас интермедит“ беше на 90,92 долари за барел, што претставува зголемување од 15 центи или 0,2 отсто.
Намалувањето на производството во јули ја стабилизираше побарувачката, но аналитичарите на Меѓународната агенција за енергија и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) прогнозираат дека глобалната побарувачка на нафта може да достигне 2,1 милиони барели дневно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чоколадото со рекордно високи цени во светот
Глобалниот недостиг и високата побарувачка за чоколадо…
Грците го прекинаа транспортот на руската нафта…
Група големи грчки бродски компании ги суспендираа…
ЕУ во опасност од нова енергетска криза
Геополитичките тензии и предизвиците со снабдувањето би…
Паднаа цените на нафтата на светските берзи
На лондонската берза цената на барелот по…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…