Цените на нафтата околу 74 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во четвртокот близу 74 долари, што ги одразува поделените проценки на инвеститорите за можното влијание на новите американски царини врз побарувачката на гориво, јавуваат светските медиуми.
На лондонскиот пазар со барелот нафта доцна попладнето се тргуваше по речиси иста цена како и на вчерашното затворење на тргувањето, по 73,88 долари. На американскиот пазар барелот поскапе за 20 центи и чинеше 69,85 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од нејзината референтна кошничка нафта на нејзините членки во средата поскапел за 22 центи на 75,96 долари.
На средината на седмицата инвеститорите беа охрабрени од падот на залихите во САД. Залихите на сурова нафта паднаа за 3,3 милиони барели минатата седмица, а залихите на бензини за 1,4 милиони барели, објави во средата Министерството за енергетика. Незначително паднаа и залихите на дестилати, за 420 илјади барели.
Знаците за посилна американска побарувачка следеа по објавувањето на САД за царини за земјите кои купуваат нафта и гас од Венецуела. Најголеми купувачи на венецуелска нафта во февруари беа Кина и САД. Кинеските купувања на венецуелска нафта беа запрени во вторникот, при што трговците и рафинерите изјавија дека го чекаат следниот потег на Вашингтон и инструкциите од Пекинг.
Објавувањето на царините ја загрижи и индиската „Reliance Industries“, која управува со најголемиот рафинерски комплекс во светот и, според неименувани извори, планира да го прекине увозот на барелите од Венецуела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…
Цената на суровата нафта во светот порасна…
Ердоган: Откриени нови резерви на нафта во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри…
Околу 82.000 литри нафта се излеале за…
Цените на нафтата се приближуваат до 65…
Цените на нафтата денеска се стабилизираа на…