Цените на становите во Македонија рушат рекорди

Изградбата на нови станови е во пораст и покрај тоа што последниот попис откри дека во државата има над 300 илјади празни.
Општините во април годинава дозволиле изградба на 199 објекти со 752 стана, со вкупна површина од речиси 62 илјади квадратни метри.
Во Керамидница стан во градба се продава за 1.100 евра квадрат, иста е цената и за готовите станови во Маџари, цената на становите во Тафталиџе веќе надмина 1.400 евра, во Ѓорче Петров за квадрат стан во градба се бараат 1.200 евра.
Во Охрид, пак, новите станови се продаваат по цена од 1.400 евра за квадрат, па и повеќе, во зависност од локацијата.
Како и обично, во април најмногу градежни дозволи се издадени во Скопскиот регион, но големо раздвижување овој пат има во Вардарскиот.
Секој трети стан за чија градба е издадено одобрение во април е во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…
Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…
Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…
Во време кога се врши атак врз…
Сведоштво на баба Велика, една “обична” Македонка:…
ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ! Славиме 120…