Центар Жупа повторно остана без градоначалник

И по денешното повторено гласање, жителите на Општина Центар Жупа не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7 077 гласачи.
Од таму додаваат дека на денешното гласање правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус.
На локалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7 317, а го остварија 25,77 отсто.
Денешниот изборен ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места.
За да гласаат беа пристигнати околу 700 иселеници од ова подрачје, кои живеат и работат во Италија.
Во трка за градоначалничката функција, како и на 17 октомври минатата година, беа Аријан Ибраим, предложен од Турската демократска партија, кој довербата од граѓаните ја бараше третпат и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајна несреќа во Центар: Сообраќајот е привремено…
Во овие моменти сообраќајна несреќа буквално го…
Три парцели кај “Тифани” стануваат приватни: Се…
Три парцели кај зградата „Тифани“ во најстрогиот…
Скандал: Наместо за 2000 земјиште во Центар…
Државното земјиште во Македонија по брза постапка…
Грабеж во аптека во Центар: Напаѓачот имал…
На 05.03.2021 околу 20:45 часот во Полициска…
Герасимовски се оградува: Земјиштето кај „Треска“ било…
Нова планерска куќа ќе ангажира општина Центар…