Центар Жупа повторно остана без градоначалник

t

И по денешното повторено гласање, жителите на Општина Центар Жупа не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7 077 гласачи. 

Од таму додаваат дека на денешното гласање правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус. 


 На локалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7 317, а го остварија 25,77 отсто. 

 Денешниот изборен ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места.

За да гласаат беа пристигнати околу 700 иселеници од ова подрачје, кои живеат и работат во Италија. 

 Во трка за градоначалничката функција, како и на 17 октомври минатата година, беа Аријан Ибраим, предложен од Турската демократска партија, кој довербата од граѓаните ја бараше третпат и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците. 

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Санација на оштетени заштитни столбови на улиците…

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје…

(Фото) Силно невреме во Скопје: Се урна…

Невреме проследено со силен ветер и дожд…

Драма во скопски Центар: Соседи се тепале…

Жител на Центар вчера нападнал негов сосед…

Сообраќајна несреќа во Центар: Сообраќајот е привремено…

Во овие моменти сообраќајна несреќа буквално го…

Три парцели кај “Тифани” стануваат приватни: Се…

Три парцели кај зградата „Тифани“ во најстрогиот…