Централниот регистар одобри основање на бугарскиот универзитет “„Св.Св. Кирил и Методиј” во Свети Николе

t

Централниот регистар ја одобри пријавата за основање на Великотрновскиот универзитет „Св.Св. Кирил и Методиј“ на улица „Маршал Тито“ во Свети Николе во духот на добрососедството со Бугарија. Пријавата била поднесена во април, а беше одобрено во текот на вчерашниот ден, пренесува “Фактор”.

Основањето го одобриле прво од македонската Влада, потоа Претседателот на Одборот за акредитација на високото образование и на крај Министерството за образование и наука во Регистарот на високообразовни установи. За раководител е поставен Борче Серафимовски, професорот од Свети Николе, кој е поставен за директор. Тој досега беше заменик претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет.

„Со оваа одлука на странската високообразовна установа Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, со седиште на ул. „Теодосиј Терновски 2“ 5003 Велико Трново, Република Бугарија, акредитирана за вршење на високообразовна дејност од страна на Националната агенција за оценување и акредитација на Република Бугарија, се дава одобрение за вршење на високообразовна дејност на територијата на Република Северна Македонија“ гласеше одлуката што ја објави Владата во мај по завршената седница.

Медиумите реагираа дека Владата со својата постапка го загрозува Законот за авторски права и индустриска сопственост, дозволувајќи (странски) универзитет со релиси исто име паралелно да работи на наша територија. На прашањето зошто Владата даде одобрение на странски универзитет со исто име како нашиот најреномиран и најстар универзитет „Свети Кирил и Методиј“,од таму одговорија дека сè е по закон и прописи, и дека називот: Великотрновски универзитет „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново се разликува од нашиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Бугарската влада нешто претходно му одобри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Велико Трново да отвори катедри во Свети Николе. Според најавите од Софија, на катедрите ќе се подготвуваат студенти за магистратура од областите на Филологијата, Науки за земјата и Информатиката и компјутерски науки. Наставата ќе се изведува на англиски јазик, а дипломата ќе гласи дека е издадена од Универзитетот во Велико Трново. Отворањето на катедрите е на иницијатива на ректорот на Великотрновскиот универзитет.

– Овие области се избрани во согласност со потребите на регионот од висококвалификувани специјалисти за одредени професии, соопшти бугарската Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен бугарски вице-премиер: Скопје и Софија да…

Ситуацијата во бугарско-македонските односи треба да се…

(Фото) Радев се сретна со Пендиков: Немало…

Бугарската држава нема да толерира насилство врз…

Ковачевски најостро го осудува каменувањето на македонскиот…

Премиерот Димитар Ковачевски преку објава на Фејсбук…

Левица бара МНР да го осуди нападот…

„Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва…

Бугарското МНР ја искара Македонија: Се однесуваа…

Остра реакција на бугарското МНР по тензијата…