Ципрас позитивен на Ковид-19

t

Лидерот на грчката опозиција и претседател на левичарската партија Сириза, Алексис Ципрас, на социјалните мрежи објави дека е позитивен на Ковид-19.

Тој на „Твитер“ напиша дека досега имал благи симптоми, додека неговата сопруга и децата се негативни, објави „Катимерини“.

„За среќа, Бети и децата се негативни. Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав“, напиша Ципрас.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му посака среќа и брзо закрепнување на претседателот на Сириза.

Ципрас прими бустер доза од вакцината против коронавирус на 13 ноември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Збогум на рускиот гас во Македонија

ЛНГ терминалот во Александрополис ќе им помогне…

Секое зло за добро: Несреќите во Турција…

Шефот на грчката дипломатија ги истакна неодамнешните…

Мицотакис најави избори во Грција во мај

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес, три недели по железничката…

Историска судска победа на македонскиот јазик во…

Центарот за македонски јазик во Грција со…