Црвениот крст на РМ му додели признание на Градот Скопје за хуманитарната помош испратена во Турција и Сирија

t

Црвениот крст на Република Македонија денеска на настан по повод собрани еден милион евра финансиска помош за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија, додели признание на Градот Скопје како благодарност за поддршката во хуманитарната акција.

– Ми претставува голема чест што денеска на одбележувањето 78 години од основањето на Црвениот крст во Македонија, на Град Скопје му е доделено признание како благодарност за поддршката во хуманата акција за обезбедување помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Покрај финансиската поддршка за погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, Градот Скопје веднаш испрати екипа од Територијалната противпожарна бригада Скопје кон Газиантеп, каде рамо до рамо со локалните власти деноноќно работеше во акцијата за спас на преживеаните, напиша градоначалничката Данела Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов силен земјотрес во Турција!

Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени…

НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

Скопјанец ја истепал сопругата

Полицијата приведе 64-годишен скопјанец поради напад врз…

(Видео) ГОРДЕЈ СЕ МАКЕДОНИЈО! СКОПЈЕ Е ЕВРОПСКА…

Градот Скопје стана Европска престолнина на културата…