Објавено на:

Црвениот крст спроведе обука за прва помош во средното училиште во „Арсениј Јовков“ во Скопје

t

Во рамки на кампањата „Првата помош спасува живот“ што се спроведува во основните и средните училишта во државата од страна на Црвениот крст, денеска се реализираше обука за прва помош во средното училиште „Арсениј Јовков“ во Скопје.

– Црвен крст ја започна оваа кампања од месец мај 2022 година, а предвидено е до крајот на годината да се спроведат бесплатни обуки по прва помош за 25 000 деца основни и средни училишта во целата земја. Обуките по прва помош ќе се спроведат од страна на 203 предавачи и 111 демонстратори по прва помош во 33 општински организации на Црвен крст на територија на Република С. Македонија, информирање генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити

– На овие обуки децата ќе имаат можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет, дополнува генералниот секретар на Црвениот крст.

Саити порача дека првата помош не претставува само знаење и умеење да се изведат живото спасувачки вештини, туку е гест на солидарност и хуманост, гест кој ги мобилизира луѓето и заедниците да го зачуваат и заштитат животот.

Шаќири истакна дека соработката со Црвениот крст е од големо значење за придонес во општеството, но и во делот на образовните политики.

– Заедничката соработка на сите институции придонесува кон подобри резултати. Во конкретниот случај придобивките нема да бидат само за 25 000 ученици, бидејќи искуството и знаењето ќе можат да го пренесат и на своите врсници, заклучи министерот Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петре Шилегов знаел за рамковните вработувања во…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…