Објавено на:

Црвен аларм во Кина: Најмногу заразени со корона во повеќе од три месеци

t

Во Кина се регистрирани повеќе од 2.400 луѓе заразени со коронавирус, што е најголем број во повеќе од три месеци, објави Националната здравствена комисија. Ова е највисоката бројка од 12 мај.

Според кинеските здравствени власти, четвртина од заразените не покажуваат симптоми. Кина продолжува да спроведува политика на нулта стапка на ковид преку масовно тестирање по појавата на жаришта и со воведување карантин.

Мерките го држат вирусот под контрола од втората половина на 2020 година, но стратегијата е доведена во прашање од високо заразната варијанта омикрон. Редовните блокади ја парализираат втората по големина економија во светот и предизвикаа остар пад особено на домашниот туризам.

Десетици илјади туристи се блокирани во јужното кинеско одморалиште на островот Хаинан, кој моментално има најголем број заразени во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина апелира Русија и Украина да не…

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во денешниот…

Да беше во Македонија ќе го уанпредеа:…

Поранешниот кинески министер за правда Фу Женгхуа…

Си Џипинг: Кинеската армија треба да се…

Народноослободителната армија на Кина треба да се…

Кина воведе санкции против американски производители на…

Кина ги санкционира американските производители на оружје,…

Путин ги осуди провокациите на САД и…

Русија ги осудува провокациите на САД и…